358
Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди денес на „нов империјализам“ во Пацификот за време на неговата посета на регионот, осудувајќи го „предаторското однесување на големите сили“ во регионот, каде Кина ги проширува трговските и безбедносните врски.
Франција, која има островски територии кои го опфаќаат Индо-Пацификот, вклучително и Француска Полинезија, ги зајакна одбранбените врски со Индија и другите земји во регионот како дел од потегот да се спротивстави на влијанието на Кина, објави Ројтерс.
Во говорот во Вануату, Макрон, првиот француски претседател кој стапнал на островската држава на Тихиот Океан по Шарл де Гол, рече дека Франција ќе работи „рамо до рамо“ со земјите во регионот за да ја зачува нивната независност.