Францускиот претседател Емануел Макрон во својот говор пред Европскиот парламент во Стразбур каде ги претстави приоритетите на француското претседателство со ЕУ, уште еднаш нагласи дека, Западен Балкан „според својата географија и историја, како и преку ветувањето за иднината што го носи, се во срцето на европскиот континент, носи лузни кои не потсетуваат и на несигурноста на мирот и на силата на нашата унија“, јави дописникот на МИА.
-Затоа денеска и ние имаме вокација да знаеме како да ги преиспитаме нашите односи со земјите од Западен Балкан и да им дадеме на појасен и почитлив волонтаристички начин искрени изгледи за членство, рече Макрон.
Тоа според францускиот претседател, не треба да биде „членство против, за да се одбијат странските обиди за дестабилизација на сегашно време, туку членство за пристапување на проектот (на ЕУ) во разумен рок“.
Макрон во говорот потсети на новата процедура за пристапување во ЕУ.
-Ние ја модернизиравме процедурата за преговарање овие последни месеци, исто така, многу конкретно знаеме дека сегашна Европа со нејзините оперативни правила што може да стане Европа на 31, 32 или 33, Затоа нема да се лажеме самите себе си, рече Макрон.
„Во контекст на конференцијата за иднината на Европа и резултатите следниот мај, ние треба да ги преиспитаме нашите правила за одлучување, за да ги направиме појасни, почитливи, за да можеме побрзо и посилно да одлучуваат, но и политички да бидеме искрени за рамката на таа Европа во која Западен Балкан го има место“, нагласи францускиот претседател.
Тој понатаму објасни дека „ мораме повторно да ги измислиме и правилата за работа и географијата на нашата Европа.“
-Еве зошто конференцијата за иднината на Европа треба да биде проследена со конференција за Западен Балкан организирана веднаш по неа, по која ќе бидеме во можност да се осврнеме на оваа клучна тема, заврши тој,