Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика штрајкувачите кои го парализираат железничкиот сообраќај во земјата да прифатат божиќно „примирје“ и предложи да се откаже од неговата претседателска пензија кога ќе му престане функцијата шеф на државата.
Според законот што датира од 1955 година, претседателите на Франција имаат право на пензија од околу 6.000 евра веднаш штом ќе ја напуштат функцијата.
Макрон ќе се откаже од овие пензиски права и најави дека ја усогласи престедателската пезија со пензискиот систем на Франција, за кој најави реформи, пренесе „Ле Паризиен“.
Штрајкот против планираните пензиски реформи на Макрон блокираше голем дел од Франција. Железницазта, вклучително и брзите возови и париското метро функционираат со половина од нормалниот капацитет.
Говорејќи на прес-конференција во Брегот на Слоновата Коска доцна во саботата, Макрон ги повика транспортните синдикати да го прекинат штрајкот за време на празничната сезона со почит кон „семејниот живот“ на Французите.
Тој, исто така, се откажа од претседателската пензија од на 6.220 евра месечно, објави Ле Монд, како и да се откаже од идното членство во францускиот Уставен совет, на кој има право секој поранешен француски претседател.
Функцијата во Уставниот совет би му носело 13.500 евра месечно.
Макрон, со ова, би бил првиот претседател кој се откажува од својата пензија, објави Ле Монд.
Досега, неколку синдикати го отфрлија Божиќното примирје.