100
Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека победата на крајната левица или крајната десница на претстојните вонредни парламентарни избори може да предизвика „граѓанска војна“.
Тој рече дека екстремно левичарската партија „Франција непобедлива“, како и крајнодесничарската партија „Национален собир“ на Марин Ле Пен, спроведуваат политики што „охрабруваат поделби и тензии меѓу заедниците“, објави „Политико“.
„Одговорот на десницата на нестабилноста е да ги сведе луѓето на нивната религија или нивното потекло и затоа ги турка луѓето кон граѓанска војна“ – истакна Макрон.