Макрон побара од папата Франциск да контактира со Путин и Бајден за мировниот процес во Украина

by fokus

Францускиот претседател Емануел Макрон побара од поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, да контактира со рускиот претседател Владимир Путин, патријархот на Руската православна црква Кирил и американскиот претседател Џо Бајден со цел да го поттикне мировниот процес во Украина.

„Го охрабрив папата Франциск да ги покани Владимир Путин и московскиот патријарх Кирил, но и Џо Бајден“, изјави Макрон за францускиот весник „Ле Поинт“ по средбата со Папата во Ватикан.

Макрон рече дека е потребно и САД да седнат на маса за да го промовираат мировниот процес во Украина.
Тој додаде дека Бајден има однос на доверба со Франциск и дека Папата може да влијае врз него за САД да бидат повеќе вклучени во изнаоѓање мирно решение во Украина.

Во понеделникот францускиот претседател се сретна со Папата во Ватикан и тоа беше нивна трета средба од доаѓањето на Макрон на чело на државата во мај 2017 година.

Поврзани новости