882
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин „одлучил да не запре“ во Украина бидејќи му треба „воена победа за самиот себе, иако сфатил дека Украина нема да се потчини“.
Во интервју за францускиот неделник „Ле Поинт“, Макрон рече дека Мариупол, градот во источна Украина на кој се фокусирала руската армија, „можеби е фиксација на Путин бидејќи тој е симбол на Украина која дава отпор“.