Францускиот претседател Емануел Макрон денес го нарече неоправдано тоа што полицијата уби 17-годишно момче за време на сообраќаен прекин во париското предградие Нантер. Тој јавно ја критикуваше полицијата само неколку часа откако инцидентот предизвика улични немири.
„ Имаме убиен адолесцент, тоа е необјасниво и непростливо“ изјави Макрон во Марсеј.
Тој додаде дека ништо не ја оправдува смртта на еден млад човек, повикувајќи ги правосудните органи да си ја завршат работата.
За полицаецот се води истрага за убиство, бидејќи пукал во момчето. Обвинителите велат дека младиот човек не ја послушал неговата наредба да го запре автомобилот во вторникот вечерта.
Министерството за внатрешни работи повика на смирување на ситуацијата откако во ноќните немири кои избија по убиството беа уапсени најмалку 31 лице.
Уличните немири избувнаа главно во париското предградие Нантер, каде што живееше жртвата. Таму младите запалиле автомобили и фрлале пиротехнички средства кон полицијата, која одговорила со солзавец.