555
Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека не може да го исклучи повторното воведување рестриктивни мерки доколку епидемијата на корона вирусот излезе од контрола.
Како што пренесува Би-Би-Си, тој рече дека неговата Влада прави се што е можно за да се избегне воведување нови рестриктивни мерки низ целата земја.
– Доволно научивме дека ништо не може да се исклучи. Но, правиме се што можеме за да го спречиме тоа, рече Макрон.
Во последните неколку дена, во Франција се забележува голем скок на бројот на новозаразени од Ковид-19, што доведува до зголемени стравувања од втор бран на епидемијата и враќање на рестриктивните мерки кои би наштетиле на веќе ослабената економија.