239
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Лозана изјави дека тензијата на Косово сега е малку намалена и дека не се плаши дека таму повторно ќе избијат конфликти.
Во разговор со студентите на Универзитетот во Лозана заедно со швајцарскиот претседател Ален Берсе, Макрон, зборувајќи за тензиите во Косово, рекол дека „тие денеска малку паднале“, пренесе весникот „Трибун де Женев“.
Тој изрази надеж дека лидерите на различните партии ќе ја продолжат поставената карта.
Зборувајќи за можното обновување на конфликтот, тој рече:
„Загрижен сум, но не се плашам од обновувањето на конфликтот во Косово“.
Макрон рече дека се уште се плаши од етничките и верските конфликти кои се развиваат во другите делови на светот.