461
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека турската офанзива во северна Сирија, што се спроведува кон сириските Курди, е „ризик да и помогне на Исламска држава во обнова на калифатот“, јави ДПА.
-Ја повикувам Турција да ја заврши што е можно поскоро, им рече Макрон на новинарите на прес-конференција во Лион, што беше посветена на борбата против заразните болести.
Турската инвазија, наведува ДПА, исто така, предизвикува „хуманитарен ризик за милиони луѓе“, додаде Макрон.
-Ризикот да и се помогне на ИД во обнова на калифатот, и хуманитарниот ризик, се единствена одговорност на Турција пред меѓународната заедница, предупреди Макрон.