Макрон најавува признавање на палестинска држава, Нетанјаху е против

by Фокус

Франција би можела да ја признае палестинската држава, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој го изјави ова откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли напорите на САД за обновување на процесот на мирно решение во кое би биле опфатени две држави, наведува „Џерусалим пост“.

-Признавањето на палестинската државност не е табу тема за Франција – рече Макрон.

Претходно денеска, Макрон изјави дека потенцијалниот израелски напад врз Рафа, на југот на Појасот Газа, ќе има „катастрофални последици“ кои би биле неприфатливи.

Израелскиот премиер Нетанјаху, пак, изјави дека ја отфрла идејата за „еднострано“ признавање на палестинската држава, истакнувајќи дека тоа ќе се смета за „награда за невиден тероризам“, повикувајќи се на масакрот на 7 октомври.

Тој додаде дека таквиот чекор „ќе го спречи секое идно мировно решение“.

Поврзани новости