92
Францускиот претседател Емануел Макрон се заложи Киев да добие дозвола да изврши напади врз воени објекти на територијата на Русија од каде што руските сили ја гаѓаат украинската армија.
Испораките во Киев на оружје со долг дострел, способно да ги уништи руските воени објекти, не претставуваат ескалација на конфликтот, додаде тој на прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц.
„Не сакаме ескалација во Украина… Но, како можеме да испорачаме оружје на Украина и да кажеме – не можете да го користите за заштита? На Украина треба да и се дозволи да уништи воени објекти на територијата на Русија од каде што пукаат руските сили. Тоа не е ескалација“, рече Макрон.