375
Францускиот претседател Емануел Макрон им честиташе на граѓаните на Хрватска за влезот во еврозоната, вметнувајќи реченици на хрватски јазик во пораката.
„Почитувани хрватски пријатели, добредојдовте во Европа. Со вас еврозоната ќе биде уште посилна во заштитата на нашите граѓани и промовирањето на нашата Европа во светот“, посочи тој.
Макрон додаде дека овој чекор е силен симбол на виталноста на европскиот проект, кој, како што рече, продолжува да привлекува и зближува.
„Хрватска самостојно одлучи дека ќе учествува уште повеќе во нашата заедничка европска авантура. Заедно ќе истраеме во олеснувањето на размената, патувањето, инвестиции, движење на капитал и вештини“, порача тој.