Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека на неговата земја не и треба „локдаун” на луѓето кои не се вакцинирани против коронавирус поради успехот на здравствениот сертификат во намалувањето на стапката на ширење на инфекцијата.
– Оние земји кои воведуваат карантин за невакцинираните се оние кои не воведоа здравствена пропусница. Затоа, таков чекор не е неопходен во Франција, изјави Макрон.
Во Франција, медицински сертификат – доказ за вакцинација, потврда за прележан коронавирус или негативен резултат од тест – е потребна од летото за влез во кафулиња, ресторани, културни и спортски места, за возови на долги релации и други летови.
Австрија и Германија деновиве воведоа ограничувања за невакцинираните.
Во интервјуто, Макрон рече дека се уште чека препораки од здравствените власти за тоа дали треба да се даде трета доза вакцини.