Макрон кон Путин: Да се прекине воената операција!

by Fokus

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, по одлуката на Русија да ја нападне Украина.

Според медиумите, првиот човек на француската држава го повикал Путин веднаш да ја прекине воената операција во Украина.

Од друга страна, рускиот претседател му го појаснил причините „зошто се решил на ваков потег за напад врз Украина“.

Поврзани новости