Макрон како Хитлер, во француски Авињон навредливи плакати за францускиот претседател

by Fokus

Властите во францускиот град Авињон покренаа истрага откако за францускиот претседател Емануел Макрон се појавија плакати со негово споредување со Адолф Хитлер!

Јавната обвинителка Флоренс Галтје објави дека на прекршителите им се заканува затворска казна од два месеци и парична казна од 7.500 евра за „поттикнување бунт“ и парична казна од 12.000 евра за навреда на претседателот.

Вкупно, околу 30 постери биле залепени на билбордите низ градот. Наместо мустаќи слични на Хитлер, Макрон го доби бројот 49,3, што се однесува на членот 49,3 од францускиот Устав, на кој владата се повика во март за да ја усвои контроверзната пензиска реформа заобиколувајќи ја парламентарната поддршка.

На плакатите, покрај сликата на Макрон, има и цитат од Махатма Ганди за „светата должност“ за граѓанска непослушност против „незаконски или корумпирани“ држави.

Поврзани новости