Макрон ја осуди Русија за нападот на Украина

by fokus

Францускиот претседател Емануел Макрон остро ја осуди руската воена акција против Украина, ветувајќи дека Париз ќе соработува со сојузниците за да се стави крај на војната.

„Русија мора веднаш да стави крај на своите воени операции“, напиша Макрон на Твитер, нагласувајќи дека Русија донела одлука да „води војна“ против Украина.

„Франција е солидарна со Украина. Таа стои до Украинците и работи со своите партнери и сојузници за да се стави крај на војната“, додаде тој.

Поврзани новости