424
Претседателот на Франција, Емануел Макрон ја одложи официјалната посета на Германија поради немирите кои ја зафатија неговата држава, соопштија германските власти.
-Францускиот претседател Емануел Макрон денеска имаше телефонски разговор со својот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер и го информираше за ситуацијата во неговата земја. Претседателот Макрон побара да се одложи неговата планирана државна посета на Германија, стои во соопштението од Германија.
Посетата на Макрон, како што соопштија од кабинетот на германскиот претседател, требаше да биде прва државна посета на Германија од страна на француски претседател по 23 години.