333
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во британската амбасада во Париз се потпиша во книгата со сочувство. Притоа, тој пред портретот на починатата кралица Елизабета постави бела роза, симбол на британскиот народ.
-Почитувани граѓани на Обединетото Кралство и Комонвелтот, многу сме тажни. Нејзината мудрост и симпатии ни помогнаа да тргнеме по патот меѓу каприците на историјата во изминатите 70 години. Нејзината смрт ни остава чувство на празнина – рече Макрон.