Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди неодамнешните напади на Израел врз мировниците на Обединетите нации во Либан.
-Целосно е неприфатливо да се види како силите на израелската армија намерно гаѓаат војници на УНИФИЛ. Ние го осудуваме, не толерираме и нема да толерираме да се повтори – рече Макрон.
Израелската армија денеска изврши нов напад на позициите на УНИФИЛ, при што беа повредени двајца мировници од Шри Ланка, стационирани таму.
Либанската новинска агенција NNA јавува дека израелски тенк нападнал една од набљудувачките пунктови на УНИФИЛ на главниот пат што го поврзува Тир со Накур на југот на Либан. Во сличен напад вчера беа повредени и двајца мировници.
Макрон, исто така, го обнови својот повик за прекин на огнот во Газа и Либан, нагласувајќи дека тоа е неопходно.
Тој, исто така, рече дека запирањето на испораката на оружје во зоната на конфликтот ќе обезбеди единствен лост за ставање крај на конфликтот, додавајќи дека тоа „не е повик за разоружување на Израел“, туку повик „да се запре секоја понатамошна дестабилизација во овој дел од светот“.