Франција и Германија ќе ја поддржат Украина во борбата против руската агресија „непоколебливо и онолку долго колку што е потребно“, ветија денеска германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон.
-Ќе продолжиме да и ја даваме на Украина сета неопходна поддршка, колку и да е потребно. Заедно, како Европејци, да го браниме европскиот мировен проект, рече Шолц на церемонијата во Сорбона по повод 60-годишнината од договорот за помирување меѓу Германија и Франција.
Емануел Макрон потврди дека постои „непоколеблива поддршка“ од двете земји за украинскиот народ „на сите фронтови“.
-По 24 февруари нашата унија не се подели ниту ги избегна своите одговорности, рече Макрон.
Целта на церемонијата во Сорбона е да се укаже на повторно откриеното единство меѓу двете земји чии односи се ослабени во последните месеци поради последиците од војната во Украина.
Иднината, исто како и минатото, зависи од соработката на нашите две земји, која е како локомотива на обединета Европа, рече Меркел, опишувајќи го „француско-германскиот мотор како компромисна машина“.