Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Пекинг го повика кинескиот претседател Си Џинпинг да дејствува врз Русија за да ја запре војната во Украина.
„Руската агресија во Украина и нанесе удар на меѓународната стабилност“, рече Макрон, стоејќи со кинескиот претседател пред Големата сала на народот, пред нивниот состанок.
„Знам дека можам да сметам на вас да размислувате со Русија и да вратите сè на преговарачка маса“, рече Макрон.
Посетата на Макрон на Кина со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен доаѓа по години на затегнати односи меѓу Европа и Кина во врска со низа прашања, вклучително и застој во инвестицискиот договор, критики за транспарентноста на Кина во врска со пандемијата „Ковид-19“ и неподготвеноста на Пекинг да ја осуди Русија поради инвазијата на Украина.
Говорејќи вчера пред новинарите по неговото пристигнување, Макрон рече дека Европа мора да се спротивстави на намалувањето на трговските и дипломатските врски со Кина и да го отфрли она што некои го нарекоа „неизбежна спирала“ на тензии меѓу Кина и Западот.
Фон дер Лејен ќе се сретне со Си подоцна во текот на денот, пред трилатералните разговори во вечерните часови.
Пред средбата со Си, Макрон разговараше со премиерот Ли Кечијанг.