Францускиот претседател Емануел Макрон го потпиша спорниот закон со кој границата за пензионирање се крева од 62 на 64 години. Потписот следува откако Уставниот совет го одобри планот за реформа на пензискиот систем.
И во текот на вчерашниот ден имаше големи протести, како и во текот на целото носење на законот. Во Париз граѓаните маршираа кон Плоштад Бастилја, каде запалија контејнери. Полицијата употреби солзавец да ги растера демонстрантите.
Протести имаше и во Марсеј, Лион, Нант, додека во Рен на северозападот од земјата, беше нападната и запалена полициска станица.
Француските синдикати повикаа на национален штрајк на 1 мај, за кој најавија дека ќе биде досега невиден во земјата.
Законот ќе стапи на сила во следните денови, а примената ќе започне да се имплементира до крајот на годината.