Макрон ги повика синдикатите да го прекинат штрајкот за празниците

by Fokus

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика синдикатите во транспортниот сектор да го прекинат штрајкот поради пензиските реформи за време на божиќните празници со цел да се овозможи нормално функционирање на сообраќајот.

– Штрајкот е оправдан и уставно заштитен, но мислам дека има моменти во животот кога е добро да се прекине од почит кон семејствата и семејниот живот, рече Макрон на конференцијата за време на неговата посета на Брегот на Слоновата Коска.

Тој додаде дека прекинот на штрајкот нема да значи дека синдикатите се откажуваат од нивните барања, но ќе покаже „чувство на одговорност и почит кон граѓаните на Франција“, кои понекогаш се далеку и сакаат да бидат со своите семејства за време на празниците.

И покрај повиците на некои синдикати да го прекинат штрајкот за време на Божик, неколку железнички организации најавија дека ќе продолжат со протестите кои траат две недели.

Поврзани новости