362
Франција ќе започне со снабдување на Украина со ракети со долг дострел за да може да се брани, изјави денес францускиот претседател Емануел Макрон.
По пристигнувањето на самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, тој одби да даде детали за тоа колку и кои проектили ќе и бидат доделени на Украина.
„Одлучив да ја зголемам испораката на оружје и опрема што ќе им овозможи на Украинците да имаат капацитет да удрат длабоко, додека ја одржуваме нашата доктрина да и дозволиме на Украина да ја брани својата територија“, рече Макрон.
Во Вилнус денеска и утре се одржува самитот на НАТО, а една од главните теми е ситуацијата во Украина, пренесува Танјуг.