Макрон: Франција е посветена на европската иднина на Србија

by Fokus

Францускиот претседател Емануел Макрон објави фотографија со неговиот српски колега Александар Вучиќ на Х.

„Франција е посветена на европската иднина на Србија, иднината што се пишува сега“, напиша Макрон на кирилица.

Макрон рече дека Србија не треба да се сомнева во намерата на Европа да ѝ посака добредојде, но потсети и на обврските на Белград во дијалогот со Приштина.

Вучиќ престојува во дводневна посета на Франција, а на синоќешнот разговор со Макрон му претходеше потпишување на меморандум за разбирање меѓу српската влада и францускиот електроенергетски систем, со што се создаваат услови за стратешко партнерство во проценката на потенцијалот за развој на цивилна нуклеарна програма во Србија.

Поврзани новости