Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа не смее да остане заложник на процесот за Брегзит кој е во тек.
– Европскиот проект не смее да остане заробеник на Брегзит, рече Макрон во момент кога британската премиерка Тереза Меј се бори да ги убеди пратениците во длабоко поделениот Парламент да го поддржат нејзиниот договор за Брегзит, откако на самитот на ЕУ доби уште време за повлекување на Британија од Унијата.
Европскиот совет едногласно донесе одлука повлекувањето на Велика Британија од Европската унија да се одложи за 22 мај 2019 година, стои во заклучоците на дводневниот самит на лидерите на ЕУ кој заврши синоќа во Брисел.
Продолжувањето го одобрија 27 членки на ЕУ под услов Долниот дом на британскиот Парламент следната недела да го поддржи Договорот за излез.