Францускиот претседател Емануел Макрон на берлинскиот глобален дијалог призна дека „Европската унија може да умре“, а потоа издаде уште пострашно предупредување за економската состојба на земјите-членки.
Макрон тврди дека ЕУ претерано регулира и инвестира премалку и дека Кина и САД ги надминаа сите 27 земји-членки во однос на економските перформанси и инвестициите. Како што пренесува Телеграф, Емануел Макрон нагласил дека „ние сме на прагот на многу важен момент“.
„Нашиот претходен модел е завршен. Имено, претерано регулираме и премалку вложуваме. Во следните две до три години, ако ја следиме нашата класична агенда, ќе исчезнеме од пазарот – рече Макрон.
Неговото предупредување доаѓа по уште едно предупредување објавено во извештајот на поранешниот италијански премиер и поранешен шеф на Европската централна банка Марио Драги, кој рече дека ЕУ не може да се натпреварува сама со Кина и САД и дека има потреба од многу поинтегриран единствен пазар за да создаде паневропски бизниси на глобално ниво.
Извештајот на Драги, исто така, предлага поширока „индустриска стратегија за Европа“ која вклучува 800 милијарди евра за да се спречи ЕУ дополнително да заостанува зад САД и Кина. Покрај економските прашања, Макрон ја повикува и ЕУ дефанзивно да излезе од сенката на САД.