67
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху уште еднаш го изрази своето противење на израелската офанзива на Рафа и предупреди дека „присилното преместување на населението би претставувало воено злосторство“.
Како што е наведено, за време на разговорот, Макрон ја повтори потребата од „итен и траен прекин на огнот“ во Појасот Газа и ги осуди неодамнешните најави на израелските власти за колонизација.
Во петокот Израел објави заплена на 800 хектари земја на окупираниот Западен Брег со цел да се изградат нови населби.
Макрон го информирал Нетанјаху за неговата намера да поднесе нацрт-резолуција до Советот за безбедност на ОН со која се повикува на „итен и траен прекин на огнот“.