Макрон до Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на Палестинците во Газа

by Fokus

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го повикал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да стави крај на војната во Појасот Газа и да обезбеди враќање на заложниците, соопшти Елисејската палата.

Во телефонски разговор Макрон му рекол на Нетанјаху дека не треба да го условува прекинот на огнот со ослободување на затворениците, пишува The Times of Israel.

„Мора да заврши страдањето на Палестинците во Газа“, рече Макрон.

Тој ја изрази својата поддршка за планот на американскиот претседател Џозеф Бајден за прекин на огнот.

Тој му изрази сочувство на Нетанјаху откако беше објавено дека во Газа се пронајдени телата на четворица заложници и „ја повтори солидарноста на францускиот народ со израелскиот народ во лицето на тероризмот“.

 

Поврзани новости