Франција следниот викенд ќе започне со олеснување на мерките против ширењето на коронавирусот, така што продавниците, театрите и кината ќе можат повторно да бидат отворени до Божиќ и граѓаните да можат да ги поминат празниците со своите семејства, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон синоќа во телевизиско обраќање до нацијата рече дека помина најлошиот период од вториот бран во Франција, но и дека угостителските објекти ќе мора да останат затворени до 20 јануари, со цел да се избегне избувнување на третиот бран, објави Ројтерс.
-Мораме да сториме се што е можно за да се избегне третиот бран, да сториме сè за да се избегне третата блокада, рече Макрон.
Макрон исто така рече дека вакцинацијата, пред сè од најранливите групи на население, ќе започне на крајот на декември или почетокот на јануари.
Рестриктивните мерки воведени од француските власти во поголемите градови во средината на октомври не ги дадоа очекуваните резултати во зауздувањето на пандемијата на коронавирусите, по што на 30 октомври беше воведена строга блокада, што е помалку ограничувачка од онаа воведена меѓу 17 март и 11 мај, додава Ројтерс.