592
Францускиот претседател Емануел Макрон, пред враќањето во Париз, се осврна на самитот во Брдо, велејќи дека имало добри дискусии за Балканот и проширувањето. Тој ги наведе и дискусиите кои се водат меѓу Скопје и Софија, нагласувајќи дека е потребно да му се дадат краткорочни перспективи на регионот.
– Треба да напредуваме по овие прашања. Но, нашата желба е да му се дадат вистински краткорочни перспективи на Балканот. Тој е во Европа, Западен Балкан е во Европа – изјави Макрон.
Воедно, тој додаде дека дискусиите Србија-Косово, односно Белград-Приштина, остануваат многу сложени и затегнати.