403
Елисејската палата објави кратко соопштение по телефонскиот разговор на претседателот Емануел Макрон, кој последователно разговараше со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со бугарскиот премиер Кирил Петков и со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, јави дописникот на МИА.
Целта на овие три разговори, додека Франција претседава со Советот на Европската Унија, беше да се поттикнат овие две земји брзо да продолжат со дијалогот за спорот меѓу нив, се додава во соопштението.
-Претседателот на Француската републиката потсети на него вата приврзаност кон европската перспектива на Западен Балкан, особено во контекст на дестабилизација низ која поминува европскиот континент, стои во краткото соопштение.