Соочен со зголемените антисемитски дејствија во Франција, Емануел Макрон го повика народот да се брани од „неподносливо оживување на антисемитизмот“.
Франција од која се плашат сограѓаните Евреи не е вистинската Франција, напиша тој во отвореното писмо објавено во весникот Le Parisien.
„Франција во која Французите се плашат поради нивната религија или потекло не е Франција“, се вели во писмото.
Во писмото, Макрон предупреди на поделбите во земјата: „Во нашата историја, антисемитизмот отсекогаш бил увертира за друга омраза и расизам“.
Во врска со војната во Газа, Макрон напиша дека Франција сака правда, мир и безбедност за израелскиот народ, палестинскиот народ и земјите во регионот.
Според Макрон, во Франција биле извршени повеќе од 1.000 антисемитски дејствија за еден месец – три пати повеќе акти на омраза кон еврејските граѓани отколку во целата минатата година. Писмото беше објавено непосредно пред големиот митинг против антисемитизмот денеска во Париз.