Макрон: Благодарам Жизел Пелико

by Fokus

Претседателот на Франција, Емануел Макрон и оддаде почит на борбата на Жизел Пелико, еден ден по завршувањето за масовно силување во Авињон, во кое нејзиниот поранешен сопруг беше прогласен за виновен и осуден на 20 години затвор.

– Благодарам Жизел Пелико. Во име на правдата, со крената глава се соочивте со судењето. За жените, кои секогаш ќе имаат пионер на кого ќе можат да се обратат и да се борат за неа. За сите нас, бидејќи вашето достоинство и вашата храброст ја поттикнаа и инспирираа Франција и светот, напиша Макрон на Икс.

Поранешниот сопруг на Жизел, Доминик Пелико призна вина дека речиси 10 години ја дрогирал поради силување и ѝ носел мажи да ја силуваат додека таа била во бесознание, а тој снимал.

Судот во Авињон вчера го осуди Доминик и уште 50 мажи, кои се осудени на казна затвор од 3 до 15 години.

Жизел претпоставува дека претрпела околу 200 силувања.

Случајот Пелико повторно ја поттикна дебатата за казненото законодавство поврзано со сексуалното насилство.

Поврзани новости