Не е постигнат консензус меѓу лидерите на ЕУ за помош на регионите погодени од кризата со корона вирусот, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, кој пред шефовите на држави и влади на ЕУ се залагаше за голем план за реконструкција во кој ќе бидат вклучени не само заеми, туку и подароци.
-Ако оставиме дел од Европа да падне, цела Европа ќе падне – рече Макрон.
Макрон смета дека треба да се издаде долг со заедничка гаранција за финансирање на трансферите на буџетот во особено погодените региони и сектори.
-Нема консензус за ова денес. Нашата Европа нема иднина, освен ако не можеме да постигнеме таков договор – порача тој.
По денешната видео конференција, лидерите на ЕУ ја задолжија Европската комисија да предложи предлог-буџет за 2021-2027 година до 6 мај, вклучително и фонд за обнова на економијата по пандемија.