Франција не се откажува од идејата за испраќање војници во Украина. Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев побара помош, Франција ќе размисли за испраќање војници во Украина, потврди францускиот претседател Емануел Макрон.
„Апсолутно. Како што реков, не исклучувам ништо бидејќи има некој од другата страна кој не исклучува ништо. Без сомнение, бевме премногу сомнителни кога ги дефиниравме границите на нашето дејствување“, рече тој.
Maкрон вели дека неговата идеја за потенцијално испраќање војници во Украина ја поддржале многу земји.
„Имам јасна стратешка задача: Ако Русија победи во Украина, нема да има безбедност во Европа“, вели Макрон.
Тој потсети дека Париз веќе испрати војници во други земји, вклучително и неодамна во Африка, за да се борат против тероризмот.