Генералниот директор на „Македонски пошти“, Јани Макрадули во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 говореше за состојбата во која се наоѓа со надеж дека наскоро ќе застане на цврсти нозе.
„Она што најмногу фали кај луѓето е пошта има најмала провизија, банките имаат поголема провизија. Повозрасните сакаат да платат во пошта, се надевам дека од 1 март ќе се вратиме во кондицијата што ја имавме. Мислам дека задачата е да се подигне капацитетот на компанијата, да воведуваме нови услуги. Да покажеме финансиска стабилноста. Подигнувањето на капацитетот е задача наша која не зависи од продажбата. Ковид периодот причини штети секаде во светот. Има акумулиран минус од 10 милиони евра што се влече со години. Има покрупни услуги кои ги имаме извршено, а останале неплатени со одлука на Собрание. 2,4 милиони евра должат јавни претпријатија, `Пошта` е во загуба само од две одлуки. Собранието ги поништило одлуките“ – вели Макрадули.