Малите и средните претријатија од Полошкиот регион да аплицираат за субвенции со цел да добијат филтри за оџаците од системите за затоплување, апелира заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули. Тој објасни дека фирмите имаат можност до 23 септември да се јават на повикот на Министерството во рамки на спроведување на планот за чист воздух.
-Повикот е во рамки на имплементација на планот за чист воздух откако мината година на предлог на граѓанската организција Еко Герила дојде до иницијатива за поставување филтри на мали и средни претријатрија кои дел од отпадот го користат за затоплување. Истовремено, дадовме 5,2 милиона денари за општина Тетово за објект каде што треба да биде заменето затоплувањето. Средствата се префрлени и очекуваме да изберат некој јавен објект – рече Макрадули.
Според него, со проектот е предвидено да бидат опфатени 30 фирми според одредени критериуми, а вредноста на субвенциите е 2,5 милиони денари.