Поранешниот директор на АД пошта, Јани Макрадули лани купил автомобил BMW X1 во вредност од 2.381.225 денари, или 38.000 евра, преку договор за купопродажба.
Оваа промена тој ја пријавил во анкетниот лист, а на прашањето на Фокус дека купил автомобил од речиси 40 илјади евра во време на криза, Макрадули ни одговори дека автомобилот не чини толку, го купил лани и се уредно пријавил во Антикорупциска комисија.
Макрадули пред два месеци беше разрешен од функцијата прв човек на Македонска пошта веднаш по приведувањето на владиниот генерален секретар Мухамед Зекири, за склучување на договор без јавна постапка за физибилити студија за приватизација на ова акционерско друштво во државна сопственост.
Во имотниот лист Макрадули има и кредит од 861.528 денари подигнат во 2021.