408
Проблемот со аерозагадувањето никако да се надмине и претставува сериозен проблем за граѓаните на Скопје, но и останатите поголеми градови.
Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули смета дека два милиони евра не се доволни за решавање на овој проблем.
„Два милиони евра не се доволни. Но, затоа е ставено да биде стратешка програма на Владата. Реални да бидеме, има уште 24 милиони евра во рамки на буџетот, со коишто активности се придонесува. Би бил среќен овој план да беше донесен пред десетина години. Ова не е еколошка акција, туку треба да е заедничка акција“, рече Макрадули во вчерашното гостување на „24 Отворено“ на ТВ 24.