Макрадули: Домашното затоплување е најголем загадувач, Скопје за сезона троши дрва колку што има на Водно

by fokus

Заменикот министер за животна средина, Јани Макрадули на денешната седница за собраниски прашања, говореше за загадувањето во Скопје, проблем кој е сериозен. Тој призна дека градот е загаден, но тоа е помалку во однос на изминатите години.

„Дека е загадено е загадено, но податоците велат дека е тоа помалку. Повеќе се води сметка за контролата на работата, зголемена е одговорноста и на компаниите. Премногу време потрошивме на мониторирање и хартии. Влегуваме во борба со загадувачите. Домашното затоплување е најголемо загадување, а во Скопје се трошат само 317 илјади тони огревно дрво. Во една сезона во Скопје, се сече дрва колку што има на Водно“, рече Макрадули.

Поврзани новости