423
Заменик-министерот за екологија Јани Макрадули во интервју за Радио Слободна Европа вели јасна е главната причина за аерозагадувањето, со оглед дека со завршувањето на грејната сезона воздухот повеќе не е загаден.
– Активно работиме на мерките за следната сезона. На 5 мај чекаме тендер за инвертери кои ќе се постават во повеќе институции, како и филтри за помали стопански објекти и комбинати и заедно со универзитетите на Скопје и Штип преку научен пристап да создадеме мрежа за мониторинг на загадувањето. Ефектите ќе се видат во октомври – вели Макрадули.