Макрадули: 2019 година клучна во борбата со загадувањето

by Fokus

Оваа, 2019-та е клучна година во борбата со аерозагадувањето, порача денеска заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули на одбележувањето на Денот без возила на фосилни горива.

-Предвидени се повеќе финансиски средства од Владата за справување со овој горлив проблем, но мора да постои волја и подготвеност кај сите чинители, а придонесот на општествено –  одговорните компании навистина е огромен, рече Макрадули.

На платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде присутните имаа можност да ја погледнат едукативната изложба на електрични автомобили, да имаат тест возење со електричен автомобил и да учествуваат на панел дискусијата за поттикнување на електромобилноста, се обрати и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев од каде порача дека сите треба да работат на полето на заштита на животната средина и дека секој од нас треба да носи одговорност.

-Загадувањето е еден од главните проблеми во оваа држава по сите релевантни анкети. Општина Карпош е во процес на донесување на нов Локален еколошки акциски план (ЛЕАП) кој нуди препораки и решенија и во делот на поттикнување на користење електрични превозни средства, рече Богоев.

Поврзани новости