441
Осум членови на скопски „Макпетрол“ ќе учествуваат на медитеранското карате-првенство што од 19 до 21 мај ќе се одржи во Радес, Тунис. Клубот ќе има свои претставници и во машка и во женска конкуренција.
Каратистите на „Макпетрол“ подолг временски период сериозно се подготвуваат за овој шампионат и се надеваат на добри пласмани. Конкуренцијата на медитеранското првенство е навистина силна бидејќи ќе учествуваат најелитните и најдобро рангирани светски тимови. Сите спортисти на скопскиот клуб ќе настапат првично во поединечна конкуренција во своите тежински категории, а потоа сите ќе бидат дел од екипните тимови на македонската репрезентација, во дисциплината борби. Во машкиот тим на „Макпетрол“ се следните каратисти: Петар Заборски (-75 кг.), Петар Спасеновски (-84 кг.), Давид Петков (-67 кг.) и Стефан Стојановиќ (+84 кг.). Во женска конкуренција ќе се натпреваруваат: Симона Заборска (-55 кг.), Ангела Мојсовска (-68 кг.), Викторија Јовановска (-61 кг.) и Јована Мицовска (-61 кг.). Сите наведени каратисти ќе настапат и за репрезентацијата на Македонија. На медитеранското карате-првенство во Тунис се пријавени 19 држави, со 447 спортисти.