Безбедното возење бара повеќе од познавање на сообраќајните правила и закони. Како што стареат луѓето, први на удар се физичките способности, што за возачите може да значи намалување на времето на реакција и стискање на сопирачките.
Следуваат неколку совети како повозрасните возачи да останат подолго во топ форма:
Бидете физички активни – со тоа ја подобрувате кондицијата и еластичноста на телото. Ова значи поголема агилност при возењето, побрзо движење на управувачот, следење на ретровизорите, како и други движења на телото кои ги правиме при возење и паркирање. Први сигурни знаци дека секој возач треба да ја зголеми својата физичка активност се проблеми при влегување и излегување од автомобилот.
Редовен преглед на видот и слухот – сетилата имаат тенденција да се намалуваат со годините. Намалениот слух и вид се сериозна опасност во сообраќајот. Повозрасните возачи треба редовно да одат на лекарски преглед и отворено да разговараат со своите лекари за проблемите при возењето, бидејќи најчесто здравствените проблеми полесно може да се решат кога навремено се откриени и со тоа да се намали ризикот од несакани незгоди.
Следете ги лековите – апчињата за смирување, против болка или за настинка може да влијаат на способноста за возење. Затоа е неопходно да се читаат упатствата на лековите, за да знаете што да очекувате и да може соодветно да реагирате. Доколку не сте сигурни за ефектите од лековите кои ги пиете, секогаш советувајте се со доктор.
Прифатете ги своите можности – повозрасните возачи треба да бидат свесни за намалените возачки способности што ги носат годините и да се приспособат на тоа. На пример, не возете ноќе доколку имате сериозни проблеми со светлата од другите возила, возете пократки рути или правете почести паузи.
Возете кога условите се добри – односно избегнувајте да возите во ударни термини по фреквентни делници, кога се лоши условите на патот или видливоста е намалена. Во такви денови, секогаш е подобро клучевите да ги предадете на некој помлад возач во семејството. Секако, никогаш не возете доколку сте уморни или нервозни/растревожени.
ПР