480
Традицијата на фрлање на чесниот Крст во речните корита, не ги одмина и Македонците во Италија. Иселениците од регионот Пиемонте, денеска го фрлија чесниот крст во втората по големина река Тенаро, а најсреќен беше Далибор Стаменковски.
Како што информираа иселеници од оваа област, на чинот на фрлање на крстот присуствувале дел од иселениците од Источна Македонија кои се и најбројни во Пиемонте.
– И овде во Италија не ја забораваме традицијата за Водици. Над педесетина пријавени денес учествуваа на чинот на фрлање на крстот во реката Тенаро, при што најсреќен беше Далибор Стаменковски, информираа иселениците.
Фрлање на крстот за Водици во Италија, како што посочија, имало и во уште неколку други градови во Италија.