541
Етничките Македонци од Пустец и цела Албанија, за прв пат досега, подготвуваат богата со содржини и масовна прослава на 24 мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
Манифестациите, во соорганизација на Македонското друштво “Сонце”, од Албанија и Друштвото за литература и култура “Мацково” од Македонија, ќе се одржуваат во центарот на Мала Преспа и седиштето на општината, населбата Пустец, како и во селото Глобочани, кај паметникот на големиот писател, Македонец, Стерјо Спасе, односно во Спомен – музејот “Стерјо Спасе”.
Најавени се низа промоции на книги и поетски читања.
Веле Митановски