Оваа нивна реакција дојде веднаш по низата упатени осуди од страна на Македонците кои легално работат и живеат надвор од Македонија кон постапките и најавените бомби на Заев. Легалните и нелегалните Македонци покрај осудите, напоменаа дека Македонија се сака и кога е далеку од очи но сепак не планираат да се вратат назад се додека Заев владее со Македонија и ја држи под опсада цела држава во заложништво, страв и бомбандирање.
Похрабрите легални Македонци ветија дека ќе се вратат летоска, но под услов Министерството за здравство да ги намали цените на стоматолошките услуги.
Убаво е да се напомене дека покрај латиничното писмо на тастатурите, Владата обезбеди опција за македонска поддршка како и опција за мали букви а не стандардниот латиничен CAPS LOCK што е познат метод при пишана комуникација на голем дел од македонската дијаспора. Ова е уште еден новитет од низата владини проекти којшто во иднина ќе им помогне на македонските иселеници при пишувањето коментари, соопштенија или било какви изјави од формален и неформален карактер.
Напомена: Веста е измислена и сатирична, сѐ додека не стане реална.