Македонците потрошиле 84 милиони евра за онлајн шопинг за шест месеци!

by fokus

Kупувањето онлајн станува се попопуларно во земјава. Од почетокот на годинава, за само шест месеци нашите граѓани потрошиле дури 84 милиони евра купувајќи разни производи онлајн.

Ова го покажуваат резултатите истакнати на неодамнешната конференција, која ја проследија над 450 учесници и 150 компании.

-Во првата половина од 2019 година, Македонците потрошиле 84 милиони евра онлајн, а споредбено со тој период во 2018, тоа е пораст од 26 проценти. Пораст од 23 отсто се бележи и во бројот на онлајн трансакции или околу 600.000 онлајн трансакции повеќе споредбено со истиот период за 2018 година. Се зголемува и процентот на нарачки кон домашни онлајн продавници во однос на нарачките од странство.  Па така, оваа година истиот е 40 отсто, каде имаме прикажан раст од 4 отсто во нарачки кон домашни е-трговци. Тоа значи дека се подобрува понудата во е-трговијата, а со тоа и нашите сограѓани се повеќе се одлучуваат за онлајн шопинг од локалната понуда.

Вики Клинчарова

Поврзани новости